Се очекува нова пандемија - на ментално здравствени тешкотии, предупредува Д-р Новотни

-Многу настани го одбележаа изминатиот период, а некои и во моментот траат. Не очекува нова пандемија на ментално здравствени тешкотии. Пред наши очи се случува војна, изненаден сум дека во 21 век се слуува ова. Можеби рецепт за сите е да размислуваме да се вратиме дома во симболична смисла, во семејството. Таму каде што можеме да разговараме, да планираме, да се свртиме кон радост, вели за Студио 10 Антони Новотни, психијатар.  

-Има многу механизми на одбрана. Потиснуавме, се изолираме, се обидуваме да рационалзиираме. Луѓето денеска заземаат страни, па дури и дома дискутираат кој е во право кој не. Некои работи треба да ги заборавиме. Агресијата не треба да биде дел до нашето поведение. Мора да се свртиме кон доброто. Зарем не ни беше добра поука претхондата пандемија. Колку нешто може се да промени. Треба да зборуваме и да ги вратиме моралните вредности, појаснува тој.