Не им го земајте детството на децата!

Децата отсекогаш биле првите жртви на војната.  Да се напуштат стремежите на цела една генерација е ужасно арчење на човечки потенцијал. Уште полошо е да се создаде изгубена, разочарана и лута генерација на необразовани деца, опасен ризик кој би можел сите скапо да нè чини, велат поборниците за детските права откако веќе со денови светот пулсира во страв, разочарување, чувство на беспомошност од воениот конфликт во Украина. 

Социјалните мрежи се преплавени од тажни глетки од деца кои страдаат. За жал, премногу мали животот им покажува дека во светот има зло од невидени размери. 

-Секоја ваква фотографија од дете со насолзени очи кои говорат за голготата, од цврсти прегратки и беспомошни мајчини раце боли до коска, велат граѓаните со апели да запре военото лудило.