Се гради детско игралиште во Никиштани

Во селото Никиштани, Ѓорче Петров, се гради ново детско игралиште. 

Покрај детските реквизити ќе биде поставена нова урбана опрема и јавно осветлување. Клупи и корпи за отпадоци ќе се постават и во дворот на подрачното училиште. 

Увид во текот  на работите вчера изврши и градоначалникот Александар Наумоски, заедно со жители од селото.