СДСМ води во Бутел, тесно е во Гази Баба, за Кисела Вода нема податоци

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, во скопската општина Бутел води Велимир Смилевски од СДСМ со 57,08 отсто, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 39,94 отсто од гласовите.

Во Гази Баба води Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,29 отсто од гласовите, пред Борис Георгиевски од СДСМ кој има 47,40 отсто.

Во Чаир води Зекирија Ибраими од БЕСА со 48,61, пред Висар  Ганиу од ДУИ со 48,29.

Во Сарај Блерим Беџети од ДУИ води со 60,17 отсто, пред Башким Бакиу од БЕСА кој има 38,86.

Во Шуто Оризари води  Курто Дудуш од СДСМ со 49,78, а Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите има 47,14 отсо.

ДИК засега нема објавено податоци за општина Кисела Вода.