Во Бутел слават активистите на СДСМ

Иако се уште нема официјална потврда се поизвесно е дека СДСМ и кандидатот Велимир Смилевски ќе ја однесат победата во општина Бутел. 

Смилевски имаше големо водство во првиот круг и беше доста извесно дека ќе успеа да ги задржи гласачите кои се определија за промени во општина Бутел по цели 12 години на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Активисти на СДСМ од сите етнички заедници веќе слават во партиските штабови со што се најавува голема победа за Смилевски потврдена во вториот круг во општина Бутел.

Претходно неговиот против кандидат Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во Бутел биле вршени големи притисоци врз гласачите.