Родителите да не објавуваат постојано слики од своите малолетни деца по социјалните мрежи, постојат големи опасности

Денеска никој не може без користење на интернет, а користењето на социјалните мрежи им е достапно на сите.

Многу луѓе денеска интернетот го коритат како потреба, а за некои е само разонода.

Она за што се зборува денеска многу е поставувањето на слики од деца на социјалните мрежи и гласно се апелира до родителите да не го прават тоа, за да си го заштитат своето дете.

Да ставате постојано слики од вашето дете на интернет, значи исто како да сте го пуштиле само на раскрсница, советуваат надлежните лица.

Интернет е една многу добра работа, но во исто време може да биде и многу опасно место. Достапноста на паметни телефони, користење на друштвени мрежи стана секојдневие и на децата и на родителите.

За жал сетоа ова, предизвикува големи медиумски друштвени проблеми, како говор на омраза, зголемена агресивност и насилност помеѓу децата, а најмногу злоупотреба на децата во вид на порнографија.

Кај родителите треба да се зголеми свеста за ризиците и опасностите со кои се соочува нивното дете во случај на користење на интернет.