Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски неодамна ја разреши директорката на градинката „Детска радост“ поради незаконско работење, но министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ја врати на директорското место.
Родителите испратија писмо до медиумите во кое има и сметки за сите трошоци. Тие обвинуваат дека директорката трошела државни пари за луксузен мебел, угостителски услуги и вон работното време, а службеното возило се користело за приватни цели.
Тие се жалат дека морале сами да купуваат и носат средства за хигиена, како сапун, влажни марамици, но и други работи, додека директорката си трошела на бајадери и друг луксуз.
Директорката претходно демантираше дека трошела државни пари за приватни цели.