Хуманоста и желбата да се помогне не изостана ниту кај децата од ООУ Киро Глигоров - Центар, кои заедно со своите родители донираа новогодишни пакетчиња за Женскиот центар за поддршка.
Женскиот центар за поддршка функционира за помош на жени жртви на семејно или родово-базирано насилство, како и за нивните деца.
Празниците што ги чекаме нека донесат среќа и насмевки во секое семејство, а слатките задоволства нека им ги разубават претстојните денови на овие дечиња.