Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники од идната година

Робот ќе оперира пациенти на скопските клиники од идната година. Како што информираше министерот за здравство за почеток роботот Да Винчи ќе го користат на Дигестивна, Урологија и Гинекологија. Претходно по двајца лекари од овие клиники  треба да поминат обука во Бугарија за да да можат да работат со машината.

-Предноста е што тоа е минимално инвазивна хирургија, интервенцијата трае пократко време, пократко време трае и опоравувањето на пациентот, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Роботот Да Винчи чини околу милион и пол евра. Роботската хирургија Филипче ја најави од неговата матична клиника неврохирургија каде беше пуштена новата интензивна нега комплетно реновирана и проширена.

-Сега имаме 11 кревети во интензивната нега, изјави Владимир Рандевски, директор на Клиниката за неврохирургија.

Годишно во интензивната на неврохирургија згрижуваат и лекуваат околу 700 пациенти.

 

air max 90 essential sale