Двојна предност на Гордана Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски.
Имено, на 70% обработени податоци од гласачките места, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има над 120.000 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ.
На пребројани 70.99% од гласачките места, Силјановска Давкова освоила 39,15% од гласовите, а Пендаровски 19,19%.
Бујар Османи од овие гласови освоил 14,58%
Зад нив е Арбен Таравари со освоени 10,49% од овие гласови, а по него е Максим Димитриевски со 8,42%.
Билјана Ванковска, на пребројаните гласови освоила 4,50% а Стевчо Јакимовски 0,87%
Неважечки ливчиња се 2,51%.