Ретро: Се сеќавате ли на Циркузите каде се забавуваа децата од Старо Скопје?

Скопје имаше свој циркуз со познатите кловнови Кики и Доди. Тоа беше пред земјотресот.

И „Адриа“ и „Медрано“ беа меѓу првите циркузи во старо Скопје. Главно беа лоцирани кај старата женска гимназија и во Градскиот парк до летното диско.

По земјотресот циркузот Адриа беше на булевар Кочо Рацин, спроти Црвен крст кај првата кула (Градски ѕид), се сеќава еден скопјанец.

Овие циркузи доаѓаа по десетина, дваесетина дена во Скопје, обично летниот период, но Скопје пред земјотресот имаше и свој циркуз.

Еден стар скопјанец раскажа за овој циркуз на кој многумина се сеќаваат од детството. 

-Беше поставен во Зоолошката градина кај што е сега базенот за белите мечки. Големиот шатор беше во округла форма, а внатре имаше трибини од дрво, клупи скалесто поставени. Имаше и ложи доле на партер еден-два реда, луксузни со црвен плиш покриени столици и клупи за поимотните во тоа време граѓани. Директор на циркузот беше Борис Атков. Се сеќавате ли на кловновите Кики и Доди, ние децата и најмногу нив ги сакавме и се смеевме кога тие ќе излезееа додека се местеа некој реквизити и се сменуваа артистите.  Имаше едно девојче скопско ја викаа Нада-жена гума, еластична се виткаше како сака. Имаше едно скопско момче за на трапез и одење по жица Илија, се сеќава тој. 

Овој скопјанец сесеќава и на точките од циркузот. 

1. Виткање на железо околу вратот или стомакот кое претходно двајца не можат да го свиткат.

2.Со заби ги сече оние стари пет-пари алумински на две парчиња.

3. На стомак му кршат големи плочи и камења со токмак.

4. Со раце и јаже држи Фичо да не може да тргне.

5. Фичо на талпа ставена врз стомак поминува врз него

 6. Најтешка точка (1959 година на тетовскиот стадион и на др. места) - жив закопан. Жив го закопуват под земја без никакви отвори,боци или друго нешто. После точно половина час го откопуват жив здрав. Кој страв кај нас децата тој пола саат. Е признавам немаше во циркузов слонови и лавови, но во сите други точки беше рамо до рамо со другите светски циркузи, раскажува овој стар скопјанец со носталгијаза минатите времиња кога во Скопје имаше и циркуз-атракција.