Во 2013 година го сменија името на „Ленинова“ во „Аминта III“. Сите скопјани се лутеа, зашто беа променети имиња на 32 познати улици во градот. 

Град Скопје пред извесно време предложи да ги врати старите имиња на улиците. Многу од нив, како што посочи скопскиот градоначалник Петре Шилегов, добиле неприродни називи, а граѓаните сѐ уште ги нарекуваат со старите имиња.

Како што нагласи Шилегов, таква е ситуацијата со познатата „Ленинова” во Дебар Маало, која во времето на претходната градска администрација беше преименувана во „Аминта Трети”, но жителите сѐ уште ја викаат „Ленинова”. Градоначалникот сепак потенцираше дека промената на имињата на улиците не им е од приоритет бидејќи има многу поважни работи што треба да се сработат во моментов.

Најфреквентната дебармаалска улица, "Ленинова", се наоѓа во строгиот центар на јадрото на градот.На оваа ретро фотка се гледа раскрсницата на Ленинова и Ѓуро Ѓаковиќ. Објектот напред е Мечос, се гледа Ташковичева палата на раскрсницата меѓу Орце Николов и Ленинова.