Решение за „Емпорио Мол“, градбата која со години го „нагрдува“ Ѓорче Петров

Трговскиот центар „Емпорио Мол“ во Ѓорче Петров започна со изградба во 2015 година и оттогаш е „заглавен“ во правни лавиринти, поради кои со години стои како чир - недовршена градба која го нагрдува ликот на општината, со оглед на тоа што се наоѓа на најпрометната улица каде во текот на денот поминуваат многу пешаци и возила. 

Сепак, градоначалникот на општината, Александар Наумоски, соопшти дека сето ова е готово и дека за брзо време ќе биде доизграден и пуштен во употреба, со што би требало Ѓорче да добие сосема нов сјај, но и да порасне интересот на граѓаните од другите општини. 

latest Running | Raekwon Packer Diadora Built 4 Cuban Linx - Packer and Diadora Releasing The N.9002 Molveno