Рели на ексклузивни олдтајмери во Скопје

„АКК примо авј“ и „О.К. класик“, под покровителство на Општина Центар, денеска организираат манифестација од еднодневен карактер – „Олдтајмер рели Скопје 2018“.

Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмери и мотоцикли, во кој ќе учествуваат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмери поделени во два периода, до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.