Реконструкција на улицата „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 1

Општина Карпош продолжува со подобрување на инфраструктурата. 

Денеска се асфалтираа стотина метри од улицата „Бранислав Нушиќ“, во урбаната заедница Карпош 1, на потегот од ул. „Гиго Михајловски“ до „Иван Аговски“.Фирмата ОСД „Кирил“ денес асфалтираше делница  од 315 квадратни метри,а локалната самоуправа, во текот на утрешниот ден, ќе продолжи со реконструкција на другиот крак на улицата „Бранислав Нушиќ“, делот од „Иван Аговски“ до улицата „Никола Тесла“.

 На лице место увид во градежните работи изврши и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, заедно со претставници од Одделението за комунална инфраструктура.

 Овие инфраструктурни активности на Општината се дел од буџетските програми за тековната 2019 година, а имаат за цел да ја зголемат безбедноста и да ја подобрат состојбата на сервисните улици.

nike air max 1 sale