Општина Центар го реконструира спортското игралиште кај салата „Партизан“.
Оваа идеја, како што информираат од општина Центар, добила најмногу гласови на порталот „Идеи за Центар“, каде граѓаните можат да предлагаат и гласаат проекти, а општината потоа ги реализира.
Со реконструкцијата се предвидува игралиште за мал фудбал, игралиште за кошарка и фитнес центар на отворено. Мини спортскиот центар, како што најавуваат од општината, ќе биде пуштен во употреба за десетина дена, а ова култно место повторно ќе стане атрактивно место за рекреација и дружба.