Редици граѓани чекаат - Што се случува пред ова министерство во Скопје?

Редици граѓани се „построија“ пред едно министерство во главниот град.

Имено министерот за економија Крешник Бектеши сподели фотографија на која се гледа долга редица пред Министерството за економија и напиша „Голем интерес за мерките на Министерството за економија“. 

Граѓаните чекаат да ги остават своите документи за субвенционирање на инвертер клими. 

Министерството за економија огласот го објави во четвртокот и само за две дена се поднесени над 2.500 барања.

Денеска според бројот на граѓани кои чекаат пред влезот на министерството има најголема гужва.

Во буџетот на Министерството за економија за оваа намена се предвидени 4 милиони евра, што значи пари ќе има за околу 7.000 домаќинства.

Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден, прв услужен.