Непознати лица вчера во два наврата извршиле разбојништва во казино на ул „Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје и во спортска обложувалница кај Зелен пазар во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 21:37 часот било пријавено оти во спортска обложувалница кај Зелен пазар во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво над вработените. Сторителите со закана со пиштол го одзеле дневниот промет и побегнале во непознат правец.
Второ разбојништво е пријавено на ноќеска во 04:26 часот. Сторителите, две непознати лица, со закана со автоматска пушка одзеле пари од дневниот промет и побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.