Рапид-тестови за празничните богослужби во грчките цркви

Во грчките цркви ќе се спроведува брзо тестирање за ковид-19 за сите оние кои сакаат да присуствуваат на богослужбите.

Грците иако го имаат прифатено грегоријанскиот календар, голем дел од нив го прославуваат Велигден и според јулијанскиот. 

Иницијативата е на претседателот на Лекарската комора на Атина и префект на Атика Јоргос Патулис, во консултација со атинскиот архиепископ и поглавар на ГПЦ Јеронимос.