Ракометарките на Вардар следната сезона нема да се натпреварува во Лигата на шампионите

Ракометарките на Вардар следната сезона нема да се натпреварува во Лигата на шампионките. 

 Иако изминативе години со амбиции за највисок пласман, а последните две и на дофат на трофејот во Лигата на шампионките,  по неуспехот да се оствари целта, но и многу порано раководството на клубот најави голема реконструкција, односно намален буџет, па следствено на тоа и одлуката, ЖРК Вардар да не се пријави за настап во елитното натпреварување. 

 Рокот за пријавување на екипите во Лигата на шампионите истекуваше денеска,  а како што потврдија од Ракометната федерација на Македонија, до Европската федерација, била доставена пријава само од машкиот колектив на Вардар, како и барањето за вајлд-карта од Металург.

 Рокот за пријавување на екипите што избориле право за настап во другите европски купови е до 22 јуни.