Македонската ракометна селекција денес во рамки на Б групата на Мундијалот во Минхен ќе го одигра првиот меч, а за противник ја имаме селекцијата на Јапонија.

Деулот од 15.30 часот се игра мечот во „Олимпија хале“, а утрово до истекот на рокот (9 часот) нашиот селектор Раул Гонзалез го објави списокот од 16 ракометари.

Воедно, тоа значи дека двајца ракометари мечот ќе го гледаат од трибините, а тоа се голманот Златко Даскалоски и пикерот Милан Лазаревски

Па така Македонија на денешната средба ќе настапи во состав: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.