Пуштен во употреба водоснабдителен систем во Раштак

Водоснабдителен систем во Раштак, со кој комплетно е завршена високата зона во ова населено место е пуштен  во употреба.

Системот е финансиран од Европската Унија во износ од 7,3 милиони денари и кофинансиран од општина Гази Баба од 1,4 милиони денари.

Градоначалникот Борис Георгиевски, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на овој систем информира дека со него комплетно е завршена високата зона во Раштак и е обезбедена количина на вода од 120 кубни метри во секунда со нов резервоар, кој е функционален и употреблив.

Тој најави дека наредната година општина Гази Баба ќе продолжи со изградба на водоводна мрежа во ниската зона, во должина од 4 километри за да може секое домаќинство во Раштак да добие чиста вода за пиење.