Пукање во Тетово од возило во движење, нема повредени лица

На булеварот „Илинден“ во Тетово вчера вечер во 22.45 часот имало пукало од огнено оружје, а тетовец пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Од СВР Тетово велат дека засега немаат информации за повредени лица.

„Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје, од возило во движење, во неговата куќа во Тетово. Досега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира СВР Тетово.

Полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде што се пукало, по што е почнат увид“.