Првите 3Д-пешачки премини во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

„Улици и патишта“ на неколку улици во Скопје обележа 3Д-пешачки премини, кои, според претпријатието, создаваат оптичка илузија кај возачите дека има предмет на патот и ги принудуваат да ја намалат брзината.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве почнаа пилот-проект за имплементација на тридимензионални пешачки премини. На улицата „Самоилова“ кај Музејот на современа уметност веќе е изведен таков пешачки премин, а во наредниот период ќе се бележат и други локации кои се посочени како црни точки.

Тридимензионален пешачки премин се изведе на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петрoв, пред основното училиште „Ѓорче Петров’’. Се користат четири бои, црвена, жолта, бела и сива за да бидат повоочливи за возачите и особено за децата пред училиштата, градинките и слично, велат од претпријатието.

Фото/Видео: Мкд.мк