Прв настан посветен на домашното крафт пиво во Скопје

Оваа сабота помеѓу 15.00 и 18.00 часот, во кафе барот Кашмир во Скопје ќе се одржи првиот пивски салон на домашни занаетчиски (крафт) пива во Македонија.

Посетителите на првиот Пивски Салон во Скопје ќе имаат шанса да се запознаат со дел од активните придонесувачи на домашната пивска сцена и да пробаат од пивата кои тие ги произведуваат во домашни услови, а кои се достапни во ограничени количини и вообичаено само за сопствени потреби.