Скопско има нова реклама - изгледа многу добро

Хеј сите вие кои сте постојано во гужва, успорете малку, сигурно нешто убаво пропуштате...

СКОПСКО, секогаш автентичен и свој, со најновата ТВ реклама уште еднаш го отсликува нашето секојдневие, гледајќи низ позитивна призма полна оптимизам за убавите нешта околу нас.

Приказната во ТВ рекламата ни ја раскажува еден од најпознатите македонски актери, Никола Ристановски. Енергичен и позитивен, Ристановски движејќи се низ различни секојдневни ситуации ги повикува луѓето да застанат за момент и да уживаат во животот, да уживаат во секојдневните моменти и да ги претворат во утрешни спомени.

Новата СКОПСКО реклама нѐ поттикнува да ја гледаме позитивната страна на нештата:

 

 

Рекламата е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации во Скопје.

Почнувајќи од денес се емитува на телевизија и може да се најде на Facebook страницата и YouTube каналот на СКОПСКО.