Проверка и детално чистење на сливниците на територија на град Скопје

По најавата за поројни врнежи во текот на оваа недела, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ на терен вршат проверка и детално чистење на сливниците на територија на град Скопје со акцент на критични места (подвозници, клучки и др).

Управата за хидрометеоролошки работи и за утре најавува облачно време со пообилни врнежи од дожд.

Наместа се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен.

Променливото облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд се очекува да се задржи и во следните денови.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура во текот на неделата ќе се движи од 2 до 10 степени, а максималната од 11 до 24 степени. Најтопло ќе биде во четврток кога дневната температура ќе го достигне 24-тиот степен.