Протест за Први Мај: Бараме пристојни услови за работа и пристојна плата

Бараме пристојни услови за работа и пристојна плата.

Ова денеска го порача претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Тамара Чаушидис пред почетокот на Првомајскиот протест.

– Изминативе неколку години дел од синдикатите не се согласија да молчат. Беа на улица, денеска се повторно на улица. Добивме многу ветувања, но ситуацијата не се подобрува, истакна Чаушидис, додека учесниците на протестниот марш полека се собираа пред скопскиот плоштад „Карпошово востание“.