Пропадна изградбата на Чебрен

Пропадна и овој тендер, четиринасети по ред за изградба на една од најголемите хидроцентрали кај нас “Чебрен“. Грчката компанија „Архиродон“ требаше до крајот на минатата година да го потпише договорот за изградба на оваа хидроцентрала ама тоа не се случи.

Министерската за животна средина Каја Шукова во јавноста рече дека е формиран тим од правници кои работеле на проектот за понатаму да се достави препорака до Владата за следните чекори кои треба да се превземат во врска со овој проект.

Дека нешто не е во ред како се одвива целата оваа работа се навестуваше во оној момент кога државното ЕСМ требаше да потпише договор со грчката компанија за формирање на заедника компанија која требаше да продолжи со изградба на овој проект. Дополнително шпекулациите ги подгреа грчката компанија „Архиродон“ која вложи жалба поради променетите услови на тендерот кои биле различни со владината одлука.

Во првичниот договор„Архиродон“ требаше да да ја изгради хидроцентралата на Црна Река за една милијарда евра, за што би добила две третини од стопанисувањето во наредните шеесет години како и стопанисување со „ХЕЦ „Тиквеш“. На ваквиот развој на настаните се побунија експертите каде беа децидни дека овој проект треба да го гради државата а не странци. Нивните аргументи беа дека ние како држава имаме пари за ваков зафат и дека ако сега вложиме, тоа понатака ќе се врати многу повеќе отколку да им се даде на странци да раководат со најголемата хидроцентрала во државава. Нивниот аргумент плус беше дека во такви околности Македонија ќе изгуби милијарди евра само по основ на набавена струја по пазарни услови наместо таа биде со поовластена цена.