Пронајдено оружје при претрес во Демир Хисар

Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во село Вирово, демирхисарско, денеска по наредба од Основниот суд Битола, извршиле претрес во домот и помошните простории кај лицето  Г.П.(49) од село Вирово.

Како што соопшти МВР, при претресот пронајдени се и одземени еден пиштол, 60 куршуми различен калибар, ловечка пушка и други предмети.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.