Вчера бил пронајден починат скопјанец во својот дом во Гази Баба.
-На 16.03.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во својот дом на подрачјето на Гази Баба е пронајден починат А.З.(41). Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.