Продолжуваат активностите за нова водоводна мрежа во Волково

Градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека се работи на нова водоводна мрежа во должина од 350м на ул.102 во Волково.

-Работа во континуитет е предуслов за добри резултати. По изведените 250м водоводна мрежа на крак од улица 20 продолжуваме на ул. 102, рече Стојковски. 

Паралелно со изведбата ќе се изврши и тампонирање на овој крак.