Продолжува акцијата за расчистување на дивите депонии во населба Керамидница

Собрани големи количини на секаков вид отпад.

ЈКП "Гази Баба 2007" продолжи со расчистување на дивите сметлишта во населба Керамидница.

Во изминатите два дена беше опфатен и кејот на реката Вардар на потегот од МРТВ до Хотел Русија, од страната на населба Керамидница.

Ваквите акции на ЈКП "Гази Баба 2007" континуирано ќе продолжат и во иднина.