Привршува асфалтирањето на вториот дел од улицата „Малешевска” во Кисела Вода

Завршува асфалтирањето на вториот дел од улицата ,,Малешевска”, информираше градоначалникот на Кисела Вода Орце Шорчиевски. 

- Оваа важна сообраќајница која 40 години чекаше на реконструктивен зафат, денес добива нов лик.Завршена е реконструкцијата на последните 800 квадратни метри. Улицата добива и нови тротоари поплочени со павер елементи, како и нови рабници, соопшти тој. 

Со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во населбата Драчево, се подобруваат условите за живеење на сите жители од овој дел на општина Кисела Вода. Инвестициониот циклус во насока на подобра инфраструктура продолжува низ сите месни и урбани заедници со цел да се постигне рамномерен регионален развој, велат од општината.