Приведени две лица поради дрога во Скопје

Полициските службеници привеле две лица на различни локации во Скопје.

Вчера во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(33) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 03.30 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.(39) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

-По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.