Приведен струмичанец, баран по потерница за издржување на седумгодишна затворска казна

На 25.07.2023 во 13.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле С.Т.(26) од Струмица.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.