Две млади лица се повредени во сообраќајка во велешко.
Вчера во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Г.(29) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Г., а неговиот сопатник Б.Е.(27) од Велес се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес, информираа од полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.