Приведен крадец за издржување казна затвор од три години

На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје.

- Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.