Приведен 38-годишник за доиздржување на затворска казна

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера во 20.35 часот го лишиле од слобода Ф.Ш.(38) од село Зрновци, општина Зрновци.

- Тој баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и 7 месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“, информира МВР.

Лицето било предадено во установата за доиздржување на казната.