Пријавени три случаи со изчезнати малолетници

Вчера во МВР биле пријавени три случаи со малолетни лица кои се оддалечиле од својот дом.

Педесет и тригодишниот И.А. во полициската станица „Бит Пазар“ пријавил дека пред три дена во непознат правец се оддалечил неговиот 10 годишен син. Уште еден татко пријавил дека вчера во 20 часот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

Третиот случај со малолетник по кој се трага, бил пријавен вчера во полициската станица Гази Баба. Од Установата „Ранка Милановиќ“ пријавиле дека пред два дена, 12-годишен штитеник од установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.