Претреси во Битола, пронајдена дрога, уапсени двајца дилери

Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола.

На двајцата осомничени им е направен претрес во нивните домови со претходна судска наредба. Кај првиот осомничен И.Н, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И.Ч, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.