Претрес во Гевгелија, пронајдени стебла канабис, приведен дилер

Полициски службеници лишиле од слобода граѓанин на Гевгелија, при претрес во неговиот дом.

- Денеска (13.10.2023) полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Ш.(42) од Гевгелија. По претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, исушени стебла од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, додека при претресот во дворното место биле пронајдени и одземени 29 засадени стебла од растението канабис. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.