„Етна има чип и несреќно вдомување“, вака ја започнаа ЈП Лајка приказната за кафеавата женка питбул неодамна.
За среќа, се најде сопственик кој среќно ќе ја вдоми.
Случајно, октомври е и месец за покренување на свеста за питбулите.
Целта за одбележување на овој месец е градење на одговорно сопствеништво и подигнување на свеста кај сите сопственици на оваа раса, бидејќи за жал поради својата природа и карактеристики овие кучиња се користат нелегално за борби.
Од ЈП Лајка не е првпат да спасат питбул и потоа да се најде вдомувач, односно нов сопственик.