Прекинат штрајкот на вработените во градинките во Чаир

Вработените во градинките “Снежана“ и “Фидани“ денеска го прекинаа штрајкот откако општина Чаир најде привремено решение и обезбеди плати за вработените за ноември.

Од општината велат дека трајно решение ќе се постигне откако ќе биде избран претседател на општинскиот совет. Во спротивно од почетокот на новата година повторно ќе има слични проблеми за наставниците, негувателките и администрацијата. 

Штрајкот во градинката “Снежана“ почна вчера, а ним денеска им се придружија и колегите од градинката “Фидани“ кои после неколку часа, откако дознаа дека општината им ја исплатила ноемвриската плата, го прекинаа штрајкот.