Предлог дестинација: Лесновски манастир - исконско богатство кое нуди духовна храна, но и сенка во овие летни денови

На југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од околу 870 метри, 15-тина километри од Пробиштип, на старото вулканско подрачје е распослано селото Лесново, далеку познато по манастирот посветен на Св. Гаврил Лесновски и по црквата посветена на Св. Архангел Михаил, комплекс попознат како Лесновски манастир. 

Доколу не сте го посетиле досега, овие летни денови се вистински предизвик да најдете сенка во оваа дестинација. 

Манстирот е познат по старите иконостаси и фрески, а во манастирот престојуваат и монаси кои всушност се грижат за беспрекорно уредениот двор на комплексот.

Во сувенирницата ќе пронајдете вистински уметнички дела од икони, а по разгледувањето на манастирскито комплекс, ви предлагаме да не ја испуштите приликата за дегустација на традицинална македонска храна во околните ресторани. 

Важно е да знаете дека надвор од манастирот кој е затворен со порта има прекрасна природа и место опремено со клупи каде може да одморите и да вдишете од чистиот воздух кој го нуди овој регион. 

Манастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата не само во земјава туку и во регионот.