Пред Велигден: За пазарџиите евтино, а за купувачите скапо

Во недела, на 28 април, православните верници го празнуваат христовото воскресение Велигден. 

Само неколку дена пред Велигден пазарите сe полни, а потрошувачката моќ слаба. Се купува овошје и зеленчук колку за да има за празничната трпеза.

-Му се радувам многу на Велигден. Спремам од се по малку. Тогаш на гости ми доаѓаат децата и внуците. Не ги жалам парите кои ги трошам за празникот. Некаде околу 3.000 до 4.000 денари трошиме за овој ден, вели стара домаќинка. 

-Сите сакаме да купиме по нешто за дома, за Велигден. Пазарџиите тоа го користата и ги зголемуваат цените. Мислат дека овој ден е последен за заработувачка, вели еден скопјанец. 

-Граѓаните се помалку купуваат. Оваа година мислам дека пазарите се многу слаби. Еве ја не работам зимно време, сега почнав од март навака, многу слабо, слабо се троши роба“, вели еден продавач од Зелен пазар.

Табла јајца чини од 160 до 180 денари, исто како и лани. Доматите се продаваат од 90 до 100 денари, марулата 20 денари, краставицата од 80 до денри. 

„Луѓето немаат пари да купуваат. Секој гледа поскромно да си помине. Јајца табала, ручек, пиење на гости ми доаѓаат децата ќе потрошам околу 2000 денари“, вели еден пензионер.

Во четврток и петок се очекува и да се зголемат цените. Оваа недела ќе биде потрошувачкиот шпиц и на пазарите и во супермаркетите каде потрошувачката се зголемува за повеќе од 20 отсто.