Пред смртта Влатко Илиевски бил во кафеана со друштво - утрото шок за сите

Пријателите на пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во саботата во својот автомобил, на булвеварот „Трета македонска бргада“, за Досие.мк велат дека сѐ уште се во шок, бидејќи ништо не наговестувало дека ќе се случи такво нешто. Тие вечерта биле заедно со Влатко во кафеана и сѐ изгледало нормално.

Но некои што малку повеќе го познавале велат дека Влатко имал проблеми со кои тешко се справувал, а најтешко му било да се насмевне, онака како што сите го памет.

Полицијата се уште истражува, а Судска медицина ќе објави конечна причина за смртта на пејачот Влатко Илиевски следната недела. Првично бидејќи нема траги на насилство се прават токсиколошки испитувања на крвта за кои е потребно време. Вчера на гробиштата во Ѓорче Петров Влатко беше погребан. Го испратија многу колеги од естрадата кои на социјалните мрежи пишуваат пораки и објавуваат фотографии со него.

Полицијата освен што соопшти дека телото на Влатко беше пронајдено во неговиот автомобил нема нови детали.