Пратениците назад во Собрание по вториот круг од локалните избори

Пратениците повторно ќе седнат во собраниските клупи дури откако ќе заврши вториот круг од локалните избори, пишува Скопје24

Поради почетокот на изборната кампања од понеделник, Собранието нема да заседава. Народните избраници ниту денес не успеаа да се договорат да се одржи одложената 51 седница.

Голем број закони останаа блокирани. И власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за деструкции. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум за работа па затоа одговорноста за немањето седница ја префрла на опозицијата.

СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и работи на штета на граѓаните.

Како што наведува Скопје24, меѓу пратениците веќе е очигледно предизборното нетрпение, со тоа што не се носат закони, се одложуваат состаноци на комисии и пратенички групи и е закочен законодавниот процес.