Познатата инфлуенсерка Маја Миа Јанеска пронајдена мртва

 

Познатата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа Јанеска е пронајдена мртва. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а пред смртта живеела во Јужна Африка. Без многу детали за причините за смртта, веста ја објавија повеќе африкански медиуми, а преку социјалните мрежи тажната вест ја сподели нејзиното момче, Оми Димпо Мурнс, пејач - рапер од Танзанија.

Маја Миа Јанеска имала близу еден милион следбеници од сите краеви на светот, а кај нас попозната стана откако за време на нејзините доаѓања во Македонија објавуваше фотографии на кои е во друштво на политичари. Беше и неодамна во Македонија.

Самата за себе напиша дека на 19 години ја напуштила Македонија, најпрво заминала во Танзанија, каде работела во хотел. Многу брзо го научила свахили јазикот, кој е еден од официјалните јазици во повеќе африкански држави, а зборувала седум јазици. Имала и бизнис во текстилната модна индустрија, како и училиште за шминка. Планирала воспоставување пожива соработка на Македонија со африкански земји поради што остварила контакт со неколку македонски политичари.