Познат идентитетот на мажот кој утрово беше пронајден мртов во Вардар

Седумдесет и седум годишниот велешанец Л.С. денеска е пронајден мртов во реката Вардар, во близина на село Кочилари.

Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10:00 часот.

Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.